Хрватската крим полицијата истражува кредити што ги делела ХБОР

22

hborКрим полицијата, по налог на Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК), вчера попладне влегла во просториите на Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР) во Загреб. Полицијата барала документација поврзана со одобрени кредити што ХБОР во последните неколку години ги делела надвор од пропишаните правила или процедури, јавуваат хрватските медиуми.

Ниту портпаролот на полицијата, ниту од управата на ХБОР не ја потврдиле, но не ја ни негирале информацијата. За агенцијата Хина одговориле дека не се овластени да даваат такви информации.

Не е познато дали се најдени компромитирачки документи.