Хрватската влада подготвува приватизација на Кроација ерлајнс?

55

croatia-airlinesОсвен за докапитализација на националниот авиопревозник Кроација ерлајнс, хрватската влада размислува и за приватизација. Но, најважно е планот за реструктуирање да се спроведе до крај, изјави министерот за море, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ, пренесуваат хрватските медиуми.

Алтернатива нема, вели министерот, а Кроација ерлајнс мора да обезбеди половина од финансиските средства од износот на поддршката на државата. Потоа ќе следуваат компензациски мерки, под што се подразбира приземјување на дел од авионите или укинување на некои линии.

“Со оваа порака, state aid, односно докапитализација покажавме дека не сакаме Кроација ерлајнс да оди под стечај. Сакаме да ја сочуваме компанијата. Дали ќе ја зачуваме во некаков вид на сопственост или косопственост, еден дел секогаш ќе остане доминантно хрватски”, заклучи министерот Хајдаш Дончиќ.