Хрватски Док – Инг ќе произведува сопствени електрични скутери

15

doking_logo

Хрватската компанија Док – Инг до крајот на оваа и почетокот на следната година ќе почне сериско производство на електрични скутери.

Според сопственикот Вјекослав Мајетиќ, на ваков чекор се одлучиле по успешната продажба на електрични скутери од Кина. Док – Инг ќе редизајнира производ на шпанска компанија, за што добиле лиценца, пишува Лидерпрес.

Цената на електричните скутери на пазарот е околу 3.000 евра.

Оваа компанија веќе го разви XD Concept, првиот хрватски автомобил на струја, кој на почетокот на 2010 година беше претставен во Женева.

Компанијата Док-Инг е препознатлива по производство на роботски возила за разминирање, подземно рударство и пожарникарство. Основана е во 1991 година, има околу 300 вработени и годишно остварува извоз од 30 милиони евра. Најголеми купувачи и се американското и австралиското министерство за одбрана. Нивните машини во подземните рудници за платина во Јужна Африка работат од 2003 година. Единствени се по технологијата на далечинско управување и димензии кои овозможуваат работа и во исклучително ниски и непристапни рудници.