Компанијата Ivero Trade, фирма поврзана со хрватската Franck, вчера потпиша купопродажен договор со словенечката компанија Mercator Emba за преземање на марките мелено кафе Santana и Loka, пишува siol.net.
Производството на овие кафиња останува во Словенија, а Franck ќе продолжи со инвестирање во квалитетот на производите, дистрибуција, поддршка при посилно маркетиншко позиционирање на овие брендови.
Интеграцијата на Santana и Loka во постоечкиот асортиман на Franck е во согласност со стратегијата за јакнење и унапредување на позицијата на компанијата на регионалните пазари. Со овој потег, Franck ја зазема втората позиција во категоријата мелено јафе на словенечкиот пазар.