Хрватски град ја престигна Венеција по бројот на туристи по глава на жител

Британската страница за резервации пресметала дека Дубровник го посетуваат 36 туристи по жител, што го прави најпреполна туристичка дестинација во Европа.
Холиду, угледен британски сајт за резервации, направи пресметка според која официјално е утврдено дека Дубровник станал град со најмногу туристи по глава на жител во Европа, пренесува tportal.

Веб-страницата, која им помага на туристите да најдат и да резервираат сместување и придружни настани, го пресмета просечниот број на туристи и локални жители, користејќи податоци од 2019 година.

Добиените податоци се навистина зачудувачки – Дубровник во просек прима 36 туристи по глава на жител годишно!