Хрватски ИТ еднорог произведува маслиново масло

14

Вработените и сопствениците на хрватскиот ИТ еднорог Infobip засадиле маслинки и освен софтвер почнале да произведуваат и маслиново масло.

На маслото му го дале името Oila, коешто доби и златен медал на New York International Olive Oil Competition, којшто според порталот Plava Kamenica, е еден од највлијателните оценувачи на маслиново масло во светот.

Инаку, Хрватската ИТ компанија во 2006-та година почна како мал старт – ап од Истра. Причина за планетарниот успех на Infobip е комуникациската платформа и услуги за деловни корисници што може да допрат до скоро седум милијарди корисници во повеќе од 190 земји во светот, овозможувајќи мобилна комуникација без никакви пречки на деловните субјекти со нивните крајни потрошувачи.

Фото: Freepik