Тим иноватори од Риека измислија чадор што не можете да го изгубите, затоа што во него е вграден bluetooth уред, кој преку апликација, ќе ви испрати порака на паметниот телефон дека сте го оставиле во кафулето, ресторанот, кај пријателите…
Паметниот чадор Kisha се поврзува со посебна апликација на iOS или Android телефон, преку која може да се провери временската прогноза.
Како што велат неговите креатори Андрија Чолак и Горан Чандрлиќ за Дневник.хр, Риека освен што е дождлив, е и ветровит град, па постои можност ветерот да ви го скрши чадорот. Затоа тие во паметниот чадор вградиле и зглобови, кои не дозволуваат кршење на жиците.
Паметниот чадор се произведува во Хрватска, а веќе се продава во 27 земји и 105 градови ширум светот. Цената е 59 евра.