Хрватски моден старт – ап создаде иновативно решение за жените кои патуваат

62

set1

Unique Travel Set е хрватски старт –ап којшто на жените им овозможува со седум парчиња облека и мултифункционална торба да ја имаат потребната гардероба кога патуваат од три до пет дена.

Сите кои често патуваат знаат колку е тешко да се спакуваат економично, а сепак за претстојниот пат да понесат доволно облека за различни прилики. Работите дополнително се комплицираат кај жените кои сакаат добро да изгледаат во различни прилики, пишува Netokracija.
set4

Решение за ваквата ситуација имаат дизајнерката Катарина Џале и нејзината деловна партнерка Рашељка Марас, кои стојат зад Unique Travel Set. Сетот нуди 30 различни комбинации на облека и тежи помалку од два килограми. Се состои од долга маица, фустан, каиш, ракави кои се вадат, капа, панталони и хеланки, а се собираат во торба.

Изработен е од најфина вискоза што не е потребно да се пегла и која спречува потење. Достапни се две верзии Unique Travel Set Basic и Unique Travel Set Luxury во којшто има елегантен фустан и марама. Достапен е во три бои: сива, златна и црна, четири големини (S, M, L, XL) и три должини, а наменет е за жени на возраст од 25 до 55 години кои водат динамичен живот.

set3

Unique Travel Set е поставен на платформата за групно финансирање Kickstarter и може да се купи за 242 долари, односно 350 долари за луксузната верзија.

Фото: Kickstarter