Хрватски Orbico презема компанија за дистрибуција од Романија

200

Фото: Facebook

Хрватската дистрибутерска компанија Orbico, во сопственост на Бранко Роглиќ, ја презема романската компанија Interbrands marketing and distribution, пренесува Јутарњи лист.

Договорот за купување удел во дистрибутерската компанија од Романија, Orbico го потпиша со Holson, компанија регистрирана на Кипар, членка на Sarkis Group International. Процесот на преземање ќе се одвива во неколку фази, при што Orbico за најмногу три месеци би требало да биде сопственик на 60% на Interbrands, а остатокот од романската компанија во негова сопственост би требало да се најде во рок од најмногу три години.

Освен во Хрватска, Полска и Романија, Orbico е присутен уште во 17 земји од регионот и Европа.