Хрватски Певец купува шест продажни објекти на Агрокор

91

pevec

Хрватскиот трговски ланец Певец од концернот Агрокор купува шест малопродажни центри, а ланецот KTC купува еден. Од Агрокор не коментираат за процесот на деинвестирање и не ги потврдија купувачите на првите седум продажни објекти, пишува Банка.хр.

Агрокор, кој во своето портфолиот го има најголемиот хрватски ланец маркети Конзум, по преземањето на словенечки Меркатор, поради концентрација на хрватскиот пазар, мораше да понуди на продажба или под закуп 96 продажни објекти.

Певец минатата година оствари раст од 13%. Во моментов има 14 продажни центри и покрива 90% од хрватскиот пазар.