Хрватски Римац добива кредит од 30 милиони евра за истражување, развој и проширување на капацитетите

23

Фото: Facebook

Потпретседателот на Европската инвестициона банка (ЕИБ), Дарио Сканапиеко, потпиша договор со Римац Автомобили за заем во вредност од 30 милиони евра наменети за истражување, развој и проширување на производните капацитети, пишува ХРТ.

“Од Европската инвестициона банка да се добие печат дека сме прифатливи за финансирање е многу важно за нас бидејќи критериумите се премногу високи. Илјадници фирми се пријавуваат, но многу е мал процентот на оние што ги финансираат“, изјави Мате Римац, сопственик на Римац Автомобили.

Тој нагласи дека неговата компанија бележи постојан раст и дека само оваа година се вработени над 200 лица. Римац Автомобили работи на отворање нови погони, нови производи, а се потенцира и развојот на новиот автомобил C2. Дел од капиталот ќе биде искористен за завршување на нови проекти, а најголемиот дел за раст на компанијата и производните погони.