Хрватски Римац планира да отвори фабрика за батерии и погонски мотори

57

rimac

Сопственикот на Римац Автомобили, Мате Римац, планира да отвори фабрика за батерии и погонски системи за електрични возила. Како што пишува Пословни дневник, еден од најбрзорастечките хрватски стартапи, Римац Автомобили, е при крај во заклучувањето на втората инвестициска рунда што ќе му овозможи да започне сериско производство на батерии и погонски системи.

Од компанијата велат дека не можат да откријат повеќе детали за оваа инвестиција, но очекуваат во втората рунда да привлечат поголема инвестиција за разлика од првата, кога Римац привлече 10 милиони евра од сопственикот на Форбс и од кинески и колумбиски бизнисмени.

Според одговорните лица во компанијата, фокусот ќе биде зајакнувањето на B2B сегментот, што е главен извор на приходи. Токму B2B концептот на работење го издигна Римац на врвот на најбрзорастечките технолошки компании во Хрватска.