Хрватски старт – ап: Апликацијата PhotoMath решава равенки преку камера

53

mob app

Апликацијата PhotoMath, на хрватската компанија PhotoPay, ја користи камерата на мобилниот телефон за решавање на математички задачи. Се што треба да направи корисникот е да ја насочи камерата кон равенката и ќе го добие решението на екранот. Целта на апликацијата е да биде корисна алатка за учење, затоа што ги прикажува и деталните чекори кои водат до решението.

Апликацијата е бесплатна и може да се преземе од App Store и Windows Phone платформите, а за почетокот на следната година е најавена и верзија за Android.