Хрватски старт – ап доби 1,6 милиони долари од американски бизнис ангели

16

repsly-facebook

Фото: Facebook

Група американски бизнис ангели во рамки на Launchpad Venture инвестираа 1,6 милиони долари во хрватскиот старт – ап Repsly. Меѓу инвеститорите коишто му дадоа финансиска поддршка на овој старт – ап се: LaunchCapital, Hub Angels, SideCar Angels и Companyon, пишува Пословни дневник.

Repsly досега доби две инвестиции. Првата од 1,4 милиони долари на средината на 2014 година, а другата од еден милион долари на средината на 2015 година.

Repsly разви CRM (customer relationship management) за теренски работници, а оваа инвестиција ќе ја искористи за да го зајакне својот тим во САД и да се подготват за експанзија. Овој старт – ап е посветен на креирање решенија за управување со активности на терен што го поедноставуваат управувањето, како и извршување на теренската работа.