Хрватски старт – ап го решава проблемот со паркирањето преку Smart parking

18

smart parking

Студентскиот старт – ап Universal industries од Дубровник го претстави системот Smart parking, пишува Пословни дневник.

Станува збор за систем којшто барањето паркинг низ градот од долготраен и фрустрирачки процес го претвора во неколку едноставни чекори.

Преку овој систем, којшто во моментот е во фаза на тестирање, на паркинг местата се поставени сензори коишто во реално време испраќаат информации на серверот од каде што им се достапни на корисниците, во форма на интегрирана мапа на мобилна апликација на којашто може да се видат различни информации: цена, бесплатни часови, услови за користење на паркингот…

“Се се случи како реакција на проблем со којшто секојдневно се соочуваме, а тоа е потрагата по паркинг. Се собравме околу масата, нафрливме еден куп идеи, заклучивме што е изводливо и започнавме да го изработуваме прототипот“, вели Роберт Калачиќ, кој е дел од тимот на овој старт – ап.

Како основни предности на нивниот проект во однос на постоечките решенија ги наведуваат: едноставната монтажа, безжичната комуникација и автоматската реконфигурација на мрежата во случај на проблем на некој од сензорите или пречки во комуникацијата.