Хрватски старт – ап ќе ја мери посетеноста на интернет страниците во Велика Британија

48

Хрватскиот старт – ап DotMetrics стана официјален аналитички систем за мерење на посетеноста на британските интернет страници. Оваа зделка ја доби на натпреварот на компанијата UK Online Measurement (UKOM) којашто ја основаа најважни здружение на британски издавачи и огласувачи, пренесува Seebiz.

На натпреварот DotMetrics победи во партнерство со Ipsos, што важи за една од најголемите светски агенции за истражување на пазарите.

Официјално со работа започнуваат на први јануари 2021 година, а договорот ќе важи во следните пет години. Иако од хрватскиот старт – ап не ја наведуваат вредноста на зделката, неофицијално се дознава дека станува збор за износ од 40 милиони евра за пет години.

Досега, како што се наведува, собирале податоци само во земјите од регионот, а ова ќе биде прво излегување на пазарите на западна Европа. За хрватските аналитичари Велика Британија ќе биде посебен предизвик, бидејќи станува збор за најголемиот европски и трет во светот пазар на онлајн огласување.

“На британскиот пазар, интернетот е убедливо најважниот канал на огласување и распределбата на буџетот зависи од квалитетните податоци, а Велика Британија е ‘лига на прваци’ на интернет огласувањето“, вели Јан Јилек, директор на DotMetrics.

Фото: Pexels