Хрватски сунѓери дури на пазарот во Перу

25

sungeri

Хрватската компанија за производство на сунѓери за домаќинство, Рекорд тим, успева своите производи да ги пласира на повеќе странски пазари, меѓу кои се Швајцарија, Австрија, Италија, Судан, Кувајт, Тунис, па дури и во далечното и егзотично Перу, пишува Вечерњи лист.

Во понудата на компанијата, освен сунѓери за домаќинство, има и крпи за чистење, лежалки, брисачи, лежалки за плажа и други производи.

“Немаме проблеми во работата бидејќи на време се подготвивме за пазарната економија, иако и на нас не ни е лесно. Мора да имате добар и евтин производ или на пазарот да понудите нешто што нема“, вели 67-годишниот Марко Пејиќ, сопственик на Рекорд тим.

Минатата година компанијата изградила ново складиште вредно над 450.000 евра од сопствени извори, а во план е изградба на уште еден погон во висина од над 326.000 евра. За да обезбеди континуитет во производството, менаџментот на компанијата набавува суровини неколку месеци однапред, најчесто од Шпанија, Франција, Италија, Кина, како и од локалните добавувачи.

Рекорд тим следната година ќе прослави 40 години од своето постоење.