Хрватски телеком отвори Дата центар вреден 8,24 милиони евра

41

ht

Во Загреб деновиве е отворен Дата центар на Хрватски телеком, инвестиција вредна 8,24 милиони евра. Дата центарот е проектиран според најдобри светски стандарди, а во рамките на првата фаза се уредени 450 метри квадратни серверски простор. Со реализацијата на втората фаза треба да бидат уредени дополнителни 450 метри квадратни серверски простор. Како што велат од ХТ, ова е еден од најмодерните Дата центри во овој дел на Европа.

Претседателот на Управата на ХТ, Давор Томашковиќ, нагласи дека ова е една од најголемите инвестиции на компанијата во овој сектор, кој го смета за стратешки значаен, пренесуваат хрватските медиуми.

Дата центарот на корисниците им нуди сместување, далечинско следење и управување со ИКТ инфраструктурата, што овозможува значителни заштеди во работењето. Околу две третини од капацитетот се наменети за ХТ и членовите на групата Т-ХТ (Комбис, Искон), додека остатокот им ќе биде понуден на заинтересираните по комерцијални услови.

Проектот е реализиран во соработка на ХТ и Кончар.