Хрватски телеком, Випнет и Теле2 со бесплатен интернет за поплавените

54

operateri

Хрватски телеком вчера соопшти дека на сите што се погодени од поплавите, во прифатните центри ќе обезбеди бесплатен интернет и wi-fi зони, како и доволни количини СИМ-картички и картички за дополнување на кредитот, за да овозможи непречена комуникација, пишуваат хрватските медиуми. ХТ се откажа од сите приходи од повикот на хуманитарниот број што е во функција, а ќе помогне и во купување на прехранбени и хигиенски средства за настраданите.

Випнет на корисниците од поплавените подрачја ќе им овозможи бесплатни повици и СМС пораки кон сите мрежи, а мобилниот Facebook ќе биде бесплатно достапен на ниво на цела Хрватска, поради полесно организирање за собирање помош.

Теле2 преку Црвен крст ќе подели 250 уреди, 1.000 СИМ-картички со вредност од два месеци, 1.000 бесплатни повици, 1.000 СМС пораки и 1 GB сообраќај.

Во акцијата за помош на поплавените се прикличија уште многу хрватски компании и банки. Привредна банка Загреб, освен за Хрватска, донираше суми и за Србија и БиХ. Донации даде и Хрватска поштанска банка, а Загрепска банка, покрај донациите, на сите клиенти кои живеат во поплавените подрачја, ќе им овозможи мораториум на кредитите без никакви дополнителни трошоци, во рок од една година. Во акцијата со сопствени донации во пари и производи се приклучија и UniCredit Foundation, Конзум и Агрокор, Бадел, Кроација осигурување, Подравка и уште многу други.