Хрватскиот Concept Two вреден 2,1 милиони долари речиси распродаден

20

c_two-rimac-torque-vectoringФото: rimac-automobili

Електричниот хиперавтомобил на Хрватот Мате Римац Concept Two, со почетна цена од 2,1 милиони долари се продава многу брзо, објави 24sata.hr. Речиси сите 150 планирани примероци од возилото се распродадени, иако неговата промоција се случи пред само три недели на Автосаемот во Женева.

Како наследник на Concept One, тој се смета за најмоќен електричен автомобил на светот.

Concept Two располага со 1.914 коњски сили и му требаат само 1,9 секунди за да постигне брзина до 100 километри на час. Со едно полнење, тој може да помине 650 километри, а максималната брзина му е 412 км/час.

Основната цена на моделот е 2,1 милиони долари, но поголемиот дел од нарачаните примероци ќе достигнат поскапа цена бидејќи дел од купците посакале и дополнителна опрема во вредност од 615.000 долари.

Во споредба со Concept One, којшто беше ограничен на осум примероци, вториот Concept-ов модел ќе биде подостапен. Се очекува првите модели да бидат испорачани во 2020 година.

По Женева, каде што беше една од најголемите ѕвезди, Concept Two деновиве се промовира на саемот во Њујорк.