Хрватскиот ИТ пазар до 2020 ќе “тежи” 1,3 милијарди евра

38

it

Хрватскиот ИТ пазар во 2015 година достигна вредност од 946 милиони евра, што е раст за 10,8% во однос на 2014, покажува истражувањето на IDC Adriatics, пишува Пословни дневник.

IDC очекува раст и во 2016 година, но и понатамошно јакнење на пазарот по просечна годишна стапка од 6,5% на основа на испорака на хардверски компоненти, ИТ услуги и софтвер. Вредноста до 2020 година може да достигне до 1,2 милијарди евра.

“Значајниот раст на потрошувачката на домашниот ИТ пазар е пред сè поради зголемената продажба на паметни телефони и скокот на вредноста на серверскиот пазар, а нешто помалку поради растот на испораките на ИТ услуги и софтверски апликации”, вели регионалниот директор на IDC за југоисточна Европа, Ана Папеж.