Хрватскиот штитник за женски чевли Na5u го освојува светот

40

na5u

Жените возачи знаат дека со време десниот чевел при возење може да се оштети, поради маневрирање меѓу гаста и кочницата, со триење од подлогата. Решение за овој проблем пронајде Анѓелка Тото-Ормуж од Загреб, која го осмисли Na5u, штитник кој лесно се става на десната потпетица. Штитникот е направен од посебна пластика, а од внатрешната страна е од кожа. На хрватскиот пазар се продава нешто повеќе од една година (по цена од 10 евра), а веќе е познат и надвор. Во земјите надвор од Хрватска се продава под името 4shu и може да се најде во Германија, Италија, Холандија, Полска, Латвија, БиХ, Србија и Македонија. Наскоро треба да се појави и на американскиот пазар.

“Идејата дојде потполно спонтано, откако сфатив дека сите мои чевли имаат оштетени потпетици од возење, а не можев да најдам соодветно решение на пазарот. Тогаш одлучив да направам нешто сама, наивно верувајќи дека ќе биде готово за 15-20 дена. Ми требаа две години за идејата што стана проект во кој беа вклучени 42 лица, од инженери и технолози, преку медицинари до правници, дизајнери… Изгледа многу едноставно, но воопшто не е. Производот задоволнува бројни параметри. Бидејќи се користи во автомобил, на никаков начин не смее да ја загрози безбедноста во сообраќајот, затоа мораше да се земат во предвид сите параметри”, вели Тото-Ормуж, пишува Нови лист.