Хрватските автопатишта одат под концесија

89

autocestaХрватското министерство за море, сообраќај и инфраструктура вчера објави тендер за давање под концесија на хрватските автопатишта, со проценета вредност од 2,95 милијарди евра, а рокот на достава на пријави е 15 ноември.

Рокот на траење на концесијата е 30 години, а точниот период на траење на концесискиот период ќе биде утврдено во втората фаза од преговарачката постапка и се проценува на 30 – 50 години.

Хрватската Влада на седница на 4 јули го прифати моделот на монетизација на јавниот долг на Хрватски автопатишта и Автопат Риека – Загреб преку доделување на концесија за управување и одржување на автопатите на рок од 30 до 50 години.

Моделот подразбира концесија само на целата должина на изградените автопати (1.024 километри), со опција за уште 30 километри планирани за градење, но нема да може да се преговара само за поединечни исплатливи делници.

Претходно хрватските медиуми пишуваа дека потенцијални инвеститори се осигурителните компании, инфраструктурни фондови, банки и пензиски фондови, а идниот концесионер веројатно ќе биде конзорциум.