Хрватските кондитори минатата година произвеле 53.032 тони разни слатки производи, од кои преку извоз продале скоро половина. Со извоз на европските, прекуокеанските и арапските пазари, оствариле 118 милиони долари приход, а паралелно со тој износ, на увоз на суровини и други компоненти потрошиле само 65 милиони долари, пишува Вечерњи лист.
Анализата што за овој сектор ја изработи Стипан Билиќ, директор на Кондин, групација во која е собрана кондиторската индустрија, покрај Белгија и Швајцарија, уште само Хрватска од сите европски земји бележи толку голем удел на извозот во однос на вкупното годишно производство. Но, Хрватска е единствената земја во ЕУ која на домашниот пазар има помалку од една третина удел (28%). Ова тврдење Билиќ го поткрепува со податокот дека минатата година Хрватите конзумирале дури 68.728 тони слатки производи од увоз, што е 72% од вкупно продадените кондиторски производи.