Хрватските пчелари оваа година ќе произведат 90% помалку мед

79

med

Хрватските пчелари оваа година ќе произведат околу 10% од годишното производство на мед, но имаат резерви, па поголеми недостатоци на тамошниот пазар не се очекуваат.

Просечното годишно производство на мед во земјата е околу 7.000 тони, додека извозната квота, односно вишокот, што се произведува за ЕУ, е околу 1.500 тони.

Оваа година е лоша за пчеларите и со самото тоа потребни се дополнителни напори и инвестиции, пред се во лечење и третирање на пчелите како и во подготовка на пчелните семејства за претстојната зима. Поради тоа, пчеларите оваа година мора да вложат многу повеќе од она што ќе го добијат како род и тоа не вклучува само мед, туку и прополис, матичен млеч и други производи.

Европската унија најстојува да го зголеми производството на мед, а се проценува дека потребите на тој пазар се околу 550.000 тони, од кои една третина се увезува.