Хрватските затвори заработуваат подобро од државните фирми

41

Вкупните приходи на сите хрватски затвори минатата година изнесувале 77,45 милиони евра, а трошоците 76,67 милиони евра, пишува Јутарњи лист. Значи, за разлика од повеќето јавни, државни, па и приватни фирми, затворите биле во плус скоро 800.000 евра.

Во затворите работна сила се затворениците кои имаат плата од 66 до 200 евра, имаат право на годишен одмор од 18 до 30 дена, добиваат надоместок за прекувремена работа, за неработни денови и празници, за ноќна и сменска работа…

На пример, во затворот Лепоглава се произведува сета храна за потребите на затворениците, а вишокот им се продава на другите затвори или на угостителите. Лани одгледале 11,5 тони пченка по хектар, а произведуваат и по 80 столици дневно, кои потоа се извезуваат во Германија, Австрија, Унгарија, па дури и се продаваат и на шведска Икеа.

Хрватските затвори, поради глобалната криза, се повеќе се претвораат во самостојни заедници, но и активни учесници на пазарите.