HSBC ќе плати 1,92 милијарди долари казна за перење пари

60

Британската банка HSBC објави дека се согласува да им плати на американските власти рекордни 1,92 милијарди долари во рамките на нагодбата во спорот во кој се терети за перење пари на сметка на терористи и Иран.

“HSBC постигна договор со властите на САД во врска со истрагата за непримерно поништување на законот за борба против перење пари и за санкциите”, стои во соопштението на заемодавачот чии акции се излистани на хонгконшката берза, а седиштето му е во Лондон, пренесува Лидер.

Пратениците во американскиот Конгрес ја обвинија оваа банка дека на Иран, трговците со дрога и терористите им овозможува пристап до американскиот финансиски систем. Веднаш потоа челникот на одделот за почитување на прописи, Дејвид Бегли беше принуден да поднесе оставка, а банката се извини за непочитување на забраната за перење пари.

“Ја прифаќаме одговорноста за грешките што сме ги направиле во минатото. Изразивме длабоко жалење поради нив”, вели извршниот директор Стјуарт Гуливер, стои во соопштението и додаде дека HSBC денес е до темели поинаква организација од онаа што ја направила таа грешка.