HSBC обвинет за перење пари во Аргентина

15

hsbcАргентинските власти го обвинија британскиот банкарски гигант HSBC за перење пари и избегнување плаќање на данок.

Од Агрентина тврдат дека банката користела лажни потврди кои и овозможиле перење на пари и неплаќање на данок, па на тој начин се испрани преку 100 милиони долари. Даночната управа на земјата поднела пријава против банката.

Портпаролот на HSBC Латинска Америка, Лусет Браво, издаде соопштение во кое не ги негираше обвинувањата и дека ќе соработуваат со властите.

“HSBC се усогласува со законите каде и да работи и многу сериозно и силно ги поддржува напорите на владите и регулаторите за откривање на незаконска дејност, како и во преземањето соодветни мерки”, стои во соопштението.

Банкарскиот гигант минатата година на американските регулатори им плати 1,9 милијарди долари поради перење пари, што е најголема платена казна за овој вид на прекршок.