HTC ќе отпушти 1.500 свои работници

18

Фото: Facebook

Тајванскиот произведувач на смартфони HTC планира да скрати четвртина од својата глобална работна сила. Компанијата се подготвува да отпушти работници од својот производствен погон во Тајван, во обид подобро да ги менаџира ресурсите додека се справува со намалената продажба.

HTC регистрираше пад на пазарниот удел поради зголемената конкуренција од Apple, Samsung Electronics Co и други кинески ривали, пишува Mashable.

Според податоците на компанијата оваа бројка претставува околу четвртина од персоналот, односно 6.540 вработени заклучно со јуни. Овој чекор е исто така дел од поголем план којшто ќе ги донесе бизнисите на смартфони и виртуелна реалност на HTC под исто раководство во секој регион.

Компанијата во април забележа намалување на приходите од 55,5%, за разлика од претходната година, како и намалување од 46,7% на продажбата во март.

Отпуштањата ќе се извршат на крај на септември.