Кинескиот телекомуникациски гигант, Huawei го надмина Samsung како најголем светски производител на смартфони во второто тримесечје од 2020 година, стои во извештајот на истражувачката компанија Canalys.
“Ова е прв пат по девет години компанија што не е Apple или Samsung да доминира на светскиот пазар“, објавија од Canalys.
Компанијата сè уште се соочува со санкции за трговија со САД и забележа намалување од 27% во странските пратки во второто тримесечје, според извештајот на Canalys.
Благодарение на релативно брзото закрепнување во Кина од пандемијата, Huawei сега продава повеќе од 70% од своите мобилни телефони на домашниот пазар.
Иако компанијата забележа пад на продажбата од 5% од истиот квартал минатата година, нејзиниот јужнокорејски конкурент Samsung забележа многу подраматичен пад на продажбата од 30%, благодарение на нарушување во снабдувањето на клучните пазари САД, Европа и Бразил.
Huawei испорача 55,8 милиони смартфони во вториот квартал, соопшти Canalys, додека Samsung има испорачано 53,7 милиони уреди.
“Тоа е исклучителен резултат којшто го предвидоа само неколку луѓе пред една година. Да не беше пандемијата со Ковид-19, тоа немаше да се случи“, рече аналитичарот на Canalys, Бен Стантон.
Фото: Pixabay