Huawei го претстави Mate X – паметен телефон на преклоп

22

Фото: Huawei.com

Кинеската технолошка компанија Huawei претстави паметен телефон со екран на преклоп, помалку од една недела откако неговиот ривал Samsung го стори истото, пишува BBC.

Станува збор моделот Mate X што се преклопува од надворешната страна и може да се користи и во двете форми (и отворен и преклопен).

Според пропорциите, екранот на Mate X, кога е отворен е 20,3 сантиметри, а кога е преклопен е 11 милиметри тенок. Од друга страна, Samsung Galaxy Fold има екран од 18,5 сантиметри, кога е отворен, а кога е преклопен е тенок 17 милиметри.