Samsung го претстави Galaxy Fold, паметен телефон на склопување

56

По десетгодишно креирање, Samsung конечно го претстави својот нов смартфон на склопување. Долгоочекуваниот Galaxy Fold се отвора и затвора како книга, односно од паметен телефон се “претвора“ во таблет.

Уредот кога е отворен е широк 18,5 сантиметри, а кога ќе се затвори, неговата широчина за намалува на 11,6 сантиметри, пишува Dezeen.

Според компанијата, корисниците добиваат две во едно, смартфон со најголем дисплеј досега и таблет. Можат одеднаш да се отворат три активни апликации на главниот дисплеј, со што корисникот истовремено добива повеќе услуги, пребарување на интернет, работење, пишување пораки, гледање видеа…

Galaxy Fold има шест камери, три на задниот дел, две внатре и една на предниот дел. Доаѓа во неколку бои: “вселенско“ сребрена, “космичко“ црна, “марсовско“ зелена и “ѕвездено“ сина.

Смартфонот ќе биде пуштен во продажба на 26-ти април во САД, со цена од  1.980 долари, а во Европа ќе пристигне на трети мај.

Фото: Samsung