Huawei го претстави новиот модел P20 lite на македонскиот пазар

185

p20-lite-blueHuawei го претстави новиот HUAWEI P20 lite, комбинирајќи high-end дизајнот со исклучителни перформанси и напредни функции. Паметниот телефон доаѓа со најновиот EMUI 8.0 интерфејс, втора генерација FullView 2.0 дисплеј технологија и двојна јадро камера со сопствени алгоритми за природна убавина.

Дизајниран за динамични и активни корисници, HUAWEI P20 lite има 5.84 инчен FHD + екран (со резолуција 2280×1080 пиксели). Неговиот сооднос од 19:9 и втората генерација на FullView Display 2.0 технологија создаваат извонредно визуелно доживување. Овој фантастичен екран нуди пикселна густина од 432 пиксели на инч и контрастно сооднос 1500: 1, благодарение на што се репродуцираат на него бои кои се исклучително богати и живописни. Ова достигнување е дополнето со технологијата за оптимизација на бои, којашто ја подобрува нивната сатурација и му дава потребен реализам. Деталите и реализмот се карактеристична особина и на целокупната слика на екранот на HUAWEI P20 lite, бидејќи 2D графичкиот процесор доловува и пренесува на најдобар можен начин и најситните детали околу контурата на секој објект во фокус.

Моделот доаѓа на македонскиот пазар во три свежи бои- Klein Blue (посебно текстурирано сино куќиште со фин отсјај), Sakura Pink и Midnight Black, и со извиткан панелод калено 2.5D стакло со заоблени агли и паралелни орбити на двата долгнавести краја. Целосниот дизајн носи софистицирана и свежа елеганција, додека се карактеризира со удобен фат, без разлика дали го користите за игри, гледање видео или сурфање.

Камерата со двојна леќа е распоредена вертикално во горниот лев агол, додека логото на Huawei е позиционирано во долниот лев агол. Овој дизајн на грбот има лесен референс како кај традиционалните компактни фотоапарати додавајќи една пријатна нота на носталгија на еден исклучително модерен уред.

За новата генерација фотољубители, HUAWEI P20 lite нуди 16 мегапикселна предна селфи камера и 16 мегапикселна + 2 мегапикселна двојна основна камерата. Камерите на смартфонот можат да снимаат најфини детали и се чувствителни на промените на светлината и боите што помага да ја  доловат убавината во секој момент. Благодарение на професионалниот боке објектив и алгоритмите за природна убавина, задната двојна камера на HUAWEI P20 lite на корисниците им овозможува да снимат прекрасни портрети со студиски квалитет.