Huawei го претстави P smart на македонскиот пазар

32

oi

Huawei пушти во продажба нов модел на македонскиот пазар. Смартфонот P smart доаѓа со новиот EMUI 8.0 – оперативниот систем (базиран на Андроид 8.0) и со дизајн фокусиран на својот Full View дисплеј. Со Face Beauty алгоритам за убавина, gesture shot за слики сликани со гестови и други функции, оваа серија е создадена посебно за младите корисници.

P smart го има истиот модел на дисплеј како и HUAWEI Full View, веќе познат по Mate 10 серијата. Дијагоналата на екранот е 5,65 инчи, има Full HD резолуција и сооднос од 18: 9, погоден за веб прелистување и социјални мрежи, бидејќи овоможува поголема прегледност.

Може да биде набавен во трговската мрежа на двата мобилни оператори Македонски Телеком и Вип, и во продажните места на Нептун и Сетек. Моделот ќе биде достапен во три бои – црна, сина и златна.

Huawei P smart вклучува двојна задна камера, соодветно со сензори од 13 и 2 мегапиксела. Со цел да се подобри фотографијата сликана во текот на ноќта, HUAWEI P smart содржи пет групи прецизни леќи, за чисти и детални фотографии при слаба осветленост. Оваа серија има Kirin 659 процесор направен со селекција на средни и високо-квалитетни чипови кои се карактеризираат со подобри енергетски перформанси.

Со i5 мини-јадрото копроцесорот, лесно се мерат информации како чекори, далечина и GPS локација HUAWEI P smart е опремен со решение Fingerprint 4.0, препознавање на отпечаток од прст за 0,3 секунди, стапка на лажно порепознавање (FRR) пониска од 2% и стапка на погрешно препознавање прифаќање (FAR) пониска од 1/50.000.

Со цел да се подобри издржливоста на батеријата на паметни телефони, HUAWEI P smart располага со батерија од 3.000 mAh (типична вредност) која, во комбинација со Intelligent Power технологијата заштедува на енергија 6.0, обезбедувајќи работно време на HUAWEI P smart за еден ден .