Huawei најпосакуван работодавач за кинеските студенти

25

Кинеската компанија Huawei е одбрана за најпосакуван работодавач помеѓу кинеските студенти, оставајќи ги зад себе ривалите Alibaba и Tencent.

Истражувањето беше спроведено од фирмата Universum, а со него беа опфатени 50.000 студенти, пишува CNN.

Huawei е прв избор на студентите по инженерство втора година по ред, а студентите по бизнис со нивната одлука ја симнаа компанијата Alibaba на втора позиција.

Кинескиот гигант започна да работи во 80-тите години од минатиот век продавајќи евтини прекинувачи за телефони. Во годините што следуваа Huawei успеа да се издигне во најголем производител на телекомуникациска опрема во светот и втор по продажба на смартфони веднаш зад Samsung.

Американската блокада немаше големо влијание врз одлуката на кинеските студенти, а од Huawei потенцираат дека брзиот раст во последните неколку години и глобалното присуство играат голема улога во изборот за работодвач.

Компанијата исто така го држи рекордот во вработување на кинески дипломци.

:Pixabay