Huawei размислува да инвестира во Бугарија

25

huaweiКинескиот телекомуникациски гигант Huawei размислува да создаде регионален европски центар и институт за истражување и технологија во Бугарија. За ова при посетата на Кина разговарале бугарскиот премиер Пламен Орешарски и претседателот за државни прашања на Huawei Technology, Уанг Ченг Донг, пренесуваат бугарските медиуми.

Од Huawei објасниле дека ја прошируваат својата дејност надвор од Кина, а најмногу се потпираат на истражувачката дејност – 70.000 нивни вработени работат токму во оваа насока и во 2012 година во развој се инвестирани околу пет милијарди долари.

Вицепремиерот Даниела Бобева по средбата изјавила дека Агенцијата за инвестиции ќе ги разгледа намерите на Huawei. Според неа, Huawei би можеле да имаат корист од стимулациите што ги обезбедува бугарската влада за високо технолошки инвестиции.