Hugo Boss планира да го продаде својот имот во Русија

29

Германската модна компанија Hugo Boss планира да ги продаде своите средства во Русија.

Германската компанија претходно најави дека ќе ги прекине активностите на рускиот пазар, но некои од нејзините продавници таму сè уште се отворени.

– Hugo Boss нема многу свои продавници во Русија, но тешко дека ќе бидат продадени за добра сума – вели потпретседателот на Руската унија на трговски центри, Павел Љулин.

Според него, идните клиенти треба да се бараат меѓу компаниите со кои Hugo Boss веќе соработувал во дистрибуцијата на стоки. Тој смета дека на овие локации ќе се отворат мултибренд продавници каде ќе се продава стока од компанијата Хуго Бос.