Хумани преку уметноста – заедничка хуманитарна акција на клиентите со НЛБ Банка

17

15267970_1246746185388948_1652770925287936054_n

На први овој месец, во НЛБ Галеријата се отвори продажна изложба на детски цртежи. На продажната изложба сите присутни гости, клиенти и вработени, кои со купување на детските цртежи, донираа средства. Од донациите на клиентите и банката, беа собрани вкупно 623.500 денари.

Хуманитарната продажба ја отвори, Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

“Детските цртежи кои имате прилика да ги погледнете се најголемата и најубавата изложба што веќе петта година по ред ја одржуваме во НЛБ Галеријата, којашто инаку има во просек по 13 изложби годишно. Но, оваа изложба, се согласувате, е посебна. Годинава за време на НЛБ Месецот на штедење во периодот од 26.09.2016 година до 25.10.2016, ни пристигнаа 1.799 цртежи, на тема Штедење и хуманост, а за секој примен цртеж НЛБ Банка ќе донира 200 денари. Оваа година решивме несебично да се разделиме од овие мали ремек дела, овозможувајќи ви да понесете дома, дел од детската фантазија, преку купувањето на цртежите по симболична цена од минимум 500 денари. Со мотото на оваа изложба Заедно можеме повеќе, гордо Ви најавувам дека сите собрани средства ќе бидат донирани за Специјална Олимпијада Македонија“, изјави Аргир.

На присутните донатори им се заблагодари и Јулијана Петровска, носител на злато на 50 метри атлетика од Лос Анџелес 2015:

“Тука да ви се заблагодарам за Вашата поддршка бидејќи со донациите, ни помагате да ја доживееме среќата, задоволството и радоста на успехот, да бидеме храбри и сигурни. Тоа го прави Специјалната Олимпијада за нас, а преку вашите донации со купувањето на овие цртежи и вие ни помагате во оваа цел“, рече таа.

Продажната изложба ќе трае до 05.12.2016 година, период во кој НЛБ Галеријата ќе биде отворена секој ден, а сите посетители ќе можат да купат цртеж и да донираат за Специјална Олимпијада Македонија.