Хуманитарна акција за дарување училишен прибор за децата од СОС Детско село

158

hum. akcija

Под мотото За сите деца, здружението Хуманост без граници организира хуманитарна акција на дарување на училишен прибор, опрема и книги за децата од СОС Детско село. Акцијата се спроведува со цел да им се помогне и олесни почетокот на училишната година на 140 дечиња без родители и родителска грижа, како и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од своите биолошки семејства, згрижени во СОС Детско село.

Книги, лектири, работни тетратки, учебници, тетратки за пишување, блокови за цртање, моливи, пенкала, фломастери, училишни ранци… сè што сметате дека на некое дете ќе му биде од корист во текот на учебната година, можете да го донирате на акцијата на дарување што ќе се одржи во сабота на 22 август, од 19:00 до 20:30 часот, пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.