Lyoness Macedonia и Child & Family Foundation организираат хуманитарна аукција за помош на штитениците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци Топанско Поле.
Настанот ќе се одржи на 15.12.2015 (вторник) во Јавна Соба/Public Room со почеток од 19:00 – 21:00.
На Хуманитарната аукција ќе бидат изложени дела изработени од самите деца. Собраните средства ќе бидат наменети за купување на новогодишни подароци.