Хуријет: Chanel обвинет за шверц во Турција

21

chanelФранцуската модна куќа Chanel се соочува со обвинение за “систематски шверц” во Турција, односно за увоз на стока без царински декларации, пишува турскиот весник Хуријет.

Модниот гигант, со над 200 продавници низ светот и околу една милијарда евра обрт, е обвинет за избегнување царински такси преку шверц на стока во куфери, според документот што го испрати Царинската управа до канцеларијата на главниот јавен обвинител во истанбулската област Bakırköy.

Според документот, во кој имал увид весникот Хуријет, тројца вработени на Chanel, вклучувајќи го и одговорниот за работењето во Турција, се соочуваат со казна затвор меѓу две и 10 години за свесно учество во шемата.

Осомничените се обвинети за систематско и свесно дејствување со цел да не и ги платат потребните царински давачки на турската држава.

Дирекцијата тврди дека некои од производите што се продаваат во продавниците на Chanel во Истанбул, се донесени во куфери од странство, а вработените на Chanel се искористени како курири.