Hush – паметни чепчиња за уши со коишто го слушате само тоа што сакате

183

hush-earplug-review-5Секој од нас сака спиењето да му биде пријатно и да не го будат разни непријатни звуци во текот на ноќта. Сепак не смееме да го блокираме и звукот на алармот што нè буди наутро.

Токму тоа го прават Hush паметни чепчиња за уши со коишто ќе ги блокирате сите непосакувани звуци како рчењето на партнерот, градската бучава, звуците од разните апарати во домот, а ќе може да го чуете само тоа што сакате. Чепчињата емитуваат звуци што му помагаат на корисникот да заспие, како на пример дожд, водопад и шумолење на дрвја.

hushLeft-1

Hush доаѓаат со апликацијата за вашиот паметен телефон преку којашто можете да ги контролирате звуците што сакате да ве разбудат, како на пример итни телефонски повици и аларми.

Купувачите можат да одбираат помеѓу силиконски чепчиња, чепчиња изработени од пена или чепчиња моделирани според желба. Hush се продаваат во практично пакување со коешто можат да се носат било каде. Кутивчето истовремено служи и како полнач и обезбедуват три целосни напојувања без да морате да користите електрична енергија.