Hushme, уред што нуди приватност додека зборувате на телефон

32

maska

Фото: Kickstarter

Hushme е персонален уред чија задача е да ја штити приватноста на корисникот кога зборува на мобилен телефон на отворен простор, во канцеларија или на јавно место, пишува Digital Trends.

“Ние ја направивме првата маска за глас за мобилни телефони. Hushme е Bluetooth hands – free уред што има два режима (активен и пасивен). Може да го поврзете вашиот мобилен телефон и да слушате музика или да го користите како hands – free. Ако сте во канцеларија и треба да направите приватен разговор, само го ставате на устата и зборувате. Изолационите материјали спречуваат околината да го слуша вашиот разговор. Вашиот глас е намален за 60% кога е во пасивен режим и 100% кога е вклучен активниот режим“, вели извршниот директор на Hushme, Роман Сакун.

Уредот е поставен на платформата за груно финансирање Kickstarter, каде треба да собере 70.000 долари.