Hyatt влегува во Бугарија

20

hyatt

Еден од најголемите ланци на хотели, Hyatt International, влегува на бугарскиот пазар. Hyatt Regency Sofia ќе биде во центарот на Софија, на плоштадот Васил Левски.

Отворањето е планирано за 2018 година, а ќе располага со 190 соби, три ресторани, бар на покривот со поглед на градот, фитнес центар и спа.

“Hyatt Regency Sofia ќе биде дизајниран да служи како динамично, енергично место каде што гостите ќе соработуваат, ќе споделуваат и наоѓаат инспирација. Убедени сме дека глобално препознатливиот бренд Hyatt Regency ќе придонесе за раст на биснис базата и патниците кои се во посета на оваа земја”, вели Питер Норман, претседател за аквизиции и развој за Hyatt за Европа, Африка и Блискиот Исток, стои во соопштението.

Ова ќе биде прв хотел од брендот Hyatt во Бугарија.