Hypercool – уред што ги лади пијалаците за една минута

15

cz2aqznikfdtusdee890

Внесувањето на течности во летниот период е особено важно, но би било убаво тие да бидат и пријатно ладни за да нè освежат.

Hypercool е најбрзиот пренослив уред што ги лади пијалаците за 60 до 90 секунди. Има форма на мала торбичка во којашто е сместен делот за разладување, што треба една ноќ да се остави во замрзнувач пред да се употреби. Во горниот дел има простор за две лименки, коишто со посебен додаток се вртат и ја ладат течноста.

За да биде изладен пијалакот потребни се 60 секунди, а за 90 достигнува уште пониска температура.

Иноваротот Сами Саркинен од Финска стои зад дизајнот на Hypercool и бара финансиска поддршка од 50.000 долари на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo.