Hyperloop One го именува Ричард Брансон за претседател и добива инвестиција од 50 милиони долари

48

599462_10150857392875872_536366065_n

Фото: Facebook

Стартапот Hyperloop One стана побогат за 50 милиони долари благодарение на веќе постечките инвеститори Caspian Venture Capital и DP World, а британскиот бизнис могул Ричард Брансон е именуван за негов неизвршен претседател, јавува Reuters.

Hyperloop One отсега ќе се вика Virgin Hyperloop One. Од основањето во 2014 година, па сè до сега, вкупните инвестирани средства во Virgin Hyperloop One се искачија на 295 милиони долари.

Ричард Брансон во октомври инвестираше во Hyperloop One, чијшто основач е Илон Маск, и се приклучи на бордот на директори.

Компанијата се занимава со развивање на ултра брзи системи за транспорт.