Hypo Alpe Adria го менува името и станува Addiko Bank

113

addiko-bank

Австриската банкарска групација Hypo Alpe Adria од понеделник (11.07.2016) станува Addiko Bank, пишува хрватски Лидер.

“Стратегијата значи носење одлуки. Тоа значи намерно да се избере да се биде поинаков, а ние одлучивме да бидеме банка што ќе ги реализира потребите на клиентите на практичен, брз и ефикасен начин“, изјави Урлих Кисинг, претседател на управата на Addiko Bank AG.

Освен што ќе работи под ново име, банката го менува и логото, коешто од сино и сиво станува црвено.

Addico Bank ќе го намали бројот на производи во понудата за клиенти, ќе ги задржи само оние производи што им се важни на клиентите, ќе вложува во дигитална технологија за да може да им ја олесни работата на клиентите и ќе ја поедностави комуникацијата со нив. На пример, во овој момент банката нудеше околу шест видови на кредитни картички, а нивниот број сега ќе се намали на две. Новина ќе биде и таканаречениот блиц кредит, којшто ќе им биде достапен на клиентите за околу 30 минути од поднесување на барањето.