Hyundai го опреми првиот прекуокеански автономен брод

73

„Avicus“, компанија во сопственост на Hyundai, објави дека успеале да го финализираат првиот автономен систем за навигација за големи, прекуокеански бродови.

Првиот брод, Prism Courage, плови по океанот веќе еден месец (од 1 мај) и го користи системот Avicus AI HiNAS 2.0, кој го води бродот на патување од околу 20.000 километри, меѓу Мексико и Јужна Кореја.

HiNAS 2.0 е автономен систем на ниво 2, кој има технологија способна да избегнува други бродови, но и да се прилагоди на различни временски услови и големини на бранови. Овој систем не го исклучува целосно екипажот, но овозможува намалување на неговиот број на бродот. Исто така, компанијата тврди дека тоа е еколошко решение, бидејќи Prism Courage ќе биде поефикасен, бидејќи пресметките покажуваат дека потрошувачката на гориво ќе се намали за седум проценти, а емисијата на гасови за пет проценти.

Бидејќи ова е прво патување на овој систем, тој ќе го води бродот само половина од патувањето, главно на отворен океан, додека човечкиот екипаж сепак ќе биде задолжен за напуштање на пристаништето и приклучување. Доколку патувањето биде успешно, HiNAS 2.0 би можел да биде пуштен за комерцијална употреба подоцна оваа година. Иако нема целосна автономија, може да ги намали трошоците и да биде решение за се поголемиот недостиг од стручен кадар.

Фото: Facebook