Hyundai го прекинува бизнисот со Rimac?

78

Hyundai Motor ги завршува проектите со Rimac Group, велат извори, откако хрватскиот производител на автомобили ги продлабочи своите врски со Porsche, пишува Automotive News Europe.

Hyundai и сестринската марка Kia заедно инвестираа 80 милиони евра (84 милиони долари) во електричниот стартап во 2019 година за да преземат 12 отсто од акциите во компанијата.

Дали Hyundai ќе го продаде својот удел во Rimac

Hyundai последователно објави два проекта: електричен спортски автомобил за подбрендот на Hyundai N performance  и спортски автомобил со горивни ќелии.

Не е јасно дали корејската компанија ќе го продаде својот удел во Римац.

Automotive News испрати барање до Hyundai, но компанијата сè уште не одговорила.

Кога се влошија односите

Според еден извор, односите на Hyundai со Rimac се влошиле кога компанијата со седиште во Хрватска ја  продлабочила соработката со Porsche.

Во исто време, Rimac Group стана мнозински акционер на Bugatti со 55 отсто, додека Porsche ги поседува преостанатите 45 отсто.

Hyundai ќе го заврши проектот за електрични спортски автомобили започнат во соработка со Rimac, изјави еден извор. Очекуваниот датум на лансирање на возилото е почетокот на 2023 година.