Hyundai ќе претрпи голема финансиска штета поради проблеми со батериите

36

Hyundai треба да повлече 82.000 електрични автомобили ширум светот и да ги замени нивните батерии, откако 15 автомобили се запалија поради проблеми со батеријата.

Засегнати се релативно мал број автомобили, но ризикот е преголем, па мора да има повлекување на возилата што ќе го чини Hyundai речиси милијарда долари, поточно 900 милиони долари.

Една батерија чини околу 11.000 американски долари и ова е едно од најскапите повлекувања во историјата на автомобилската индустрија, и секако најголемото во историјата на Hyundai.

Заменувањето на целата батерија на електричен автомобил е екстремна мерка за која е потребна слична работа и цена како замена на целиот мотор со внатрешно согорување.

Фото: Pixabay